“Да се биде потпретседател на СДСМ во овој исклучително важен период за Македонија е голема чест, но и одговорност за мене. Продолжуваме сите заедно во нови големи победи, предводени од Претседателот на СДСМ Зоран Заев.” – напиша на Фејсбук, Благој Бочварски.
Владејачката партија ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес.
Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ.