Блумберг: Париз сака официјалните преговори за пристапување на С.Македонија да почнат во првата половина на следната година

Балканските надежи за почеток на преговори за пристапување со Европската унија висат во воздух, бидејќи Франција инсистира на тоа дека блокот сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање на нови членки, пишува Блумберг.

С. Македонија и Албанија очекуваат „зелено светло“ оваа недела да започнат официјални разговори за влез во Унијата. Додека повеќето земји-членки го поддржуваат започнувањето преговори, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да започнат преговорите со двете земји.

Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург.

Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.

Никаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Северна Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.

Најновиот нацрт на одлуката, со датум на 11 октомври, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но „никој не е среќен“ со текстот, според дипломат, запознаен со состојбата, додава „Блумберг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e