Битиќи за Независен: Новиот пакет мерки ќе ги опфати компаниите и граѓаните кои се најпогодени

Стопанството и граѓаните со нетрпение го очекувааат новиот сет мерки што го најави Владата и наскоро ќе биде презентиран, истакна во интервју за Независен, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи. Вицепремиерот Битиќи исто така потенцира дека приоритетите како и до сега, со спроведувањето на антикризните мерки, остануваат исти, а тоа е зачувување на секое работно место и поддршка за стопанството и граѓаните за полесно пребродување на кризата и влез во пост кризниот период во кој ќе следи раст и развој. Во интевјуто за Независен тој се осврнува и на други актуелни теми – зошто нема министер за привлекување странски директни инвестиции и каква ќе биде политиката на Владата кон оваа проблематика, потоа за вистинскиот број лица кои поради кризата останале без работа, како и колку средства ќе бидат потрени за спроведување на мерките и дали ќе биде неопходно ново задолжување.

Господине Битиќи, новата Влада имаше серија средби со бизнисот односно со стопанските комори. Дали по овие средби во Владата имате појасна претстава што му е потребно на стопанството за да ја преброди кризата предизвикана од КОВИД-19, кои ќе бидат приоритетите?

Директната комуникација и координација со сите засегнати страни е една од основните постулати на оваа Влада и тие се континуирани во изминативе три години, а особено интензивирани при прогласувањето на пандемијата. Истите течат до денеска, а ќе продолжат и понатаму со цел да имаме детална слика за состојбите во домашното стопанство, што ќе биде појдовна точка во креирањето на анти-кризните мерки, но и на идните економски политики. Веќе во првата недела од конституирањето на Владата имавме состаноци со сите релевантни чинители во стопанството, Стопанските комори а се одржа и седница на економско – социјалниот совет во кој членуваат и синдикатите и организацијата на работодавачи. Приоритетите како и до сега, со спроведувањето на антикризните мерки, остануваат исти, а тоа е зачувување на секое работно место и поддршка за стопанството и граѓаните за полесно пребродување на кризата и влез во пост кризниот период во кој ќе следи раст и развој на економијата во земјава и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Владата ветува стабилна и предвидлива економска политика, ниски даноци, борба против сивата економија, што се и барањата на стопанството. Но, од фирмите укажуваат дека им е неопходна и итна финансиска поддршка заради нарушената ликвидност. Што ќе преземе Владата за ова, дали веќе има креирано некои мерки наменети за компаниите?

Пред се, приоритетот мора да биде прилагоден на актуелната состојба со корона кризата, бидејќи таа генерира непредвидливост на глобално ниво. Тоа значи дека целиот наш фокус е обезбедување на потребите на граѓаните и стопанството за пребродување на кризата.

Стабилната и предвидлива даночна политика со ниски даноци, како и принципиелната борба со сивата економија остануваат и врвни приоритети на оваа Влада. Четвртиот пакет мерки за поддршка на домашната економија, како и на оние кои се најпогодени во текот на овој кризен период ќе се дефинира за релативно краток период, но откако уште еднаш ќе се изанализираат ефектите од претходните три пакети. Новиот пакет ќе содржи мерки кои ќе ги опфати компаниите и граѓаните кои се најпогодени.

Целото интервју на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e