Во гостувањето во емисијата „Анализа” на ТВ 24, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните.
„Во само 15 месеци власта изгубила околу 30% од своите гласачи, нешто што не се случило во поновата историја на државата да валдејачкото мнозинство ги стопи гласовите. Може да се формира власт, но не и да се има довербата на граѓаните. Ако ги соберете гласовите на опозициските партии и оние кои не излегоа да гласаат за власта, разликата е само околу 16 илјади. Тоа е реалноста,” додаде тој.
Во однос на состојбите во главниот град, Битиќи потсети дека токму владејачките партии и нивните коалициски партнери се одговорни за ситуацијата во Скопје.
„Глувците во Скопје се слика за начинот на кој власта управува со градот. Пред четири години видовме исти сценарија, спинување и обвинувања. Денес, во 2025 година, Скопје треба да биде метропола, а не град кој се бори со елементарни услови за живот. Наместо тоа, сведоци сме на деградација и непочитување на граѓаните и нивните права,” изјави Битиќи.
Пратеникот на СДСМ оцени дека ниската излезнозност и неважечките ливчиња се порака од граѓаните и додаде дека политичката состојба треба да се анализира од повеќе аспекти.
Битиќи потенцираше дека СДСМ останува доследен на своите вредности и нема да прифати политичари без кредибилитет да држат лекции.
„Нема да прифатам некој да дава оценки за Социјалдемократскиот сојуз, партијата која повеќепати покажала дека ѝ е потребна на оваа држава. Наместо власта да се занимава со СДСМ, нека се занимаваат со себе и со тоа како ќе се соочат со граѓаните на следните избори. Секој нека си го исчисти сопствениот двор пред да држи лекции на другите,” нагласи Битиќи.

