„Има мерки во кои што ние таргетираме многу поголема бројка. На пример, само една од толку озборуваната мерка „Викенд без ДДВ“, која што сите различно ја толкуваат е многу едноставна, а тоа е дека им даваме можност на сите граѓани во Северна Македонија, тие милион граѓани кои што се регистрирани во системот Е-ПДД и кои што имаат можност да ја користат апликацијата МОЈ ДДВ. Деновите кога ќе се организира овој викенд без ДДВ да отидат, да купат тоа што секогаш го купуваат за да стимулираме потрошувачка, но и да им помогнеме на најпогодените сектори и на крајот, на тие што се погодени, а тоа се граѓаните да им кажеме дека им враќаме затоа што заслужуваат.“ – ја објасни економската мерка, Фатмир Битиќи на телевизија 24.
Тој посочи дека граѓаните на крајот од денот, по пазарењето, преку мобилната апликација ќе си направат поврат на ДДВ во целосен износ. „Наместо да направиме мерка во која што ќе треба системски да упаднеме во системот на ДДВ и да им кажеме на сите компании да ги намалат цените за 18% или за 5% и да се прашуваме дали тие тоа ќе го направат, ние велиме не, нека граѓаните ги купат продуктите, за на крај граѓанинот ќе ги купи поевтино производите отколку што би ги купил претходно.
Значи ние можноста им ја даваме. Јас ќе отидам на пример да купам школски прибор за децата, јас секоја година тоа го правам, но оваа година Х сумата која што ќе ја платам за школскиот прибор за децата, дали се тоа тетратки, моливи… ќе ги скенирам сметките и на крајот на денот ќе добијам нотификација дека износот којшто денес сум направил шопинг толку ми следува да ми се врати автоматски. И во законскиот рок на враќање..граѓаните ќе го имаат полниот износ назад.“- изјави Битиќи.