Битиќи: Дијалогот вроди со плод! Од март минималната плата ќе изнесува 18.000 денари

Дијалогот вроди со плод! Од март, околу 80.000 мои, ваши сограѓани ќе добијат минимална плата од 18.000 денари, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања.

„13% од вработените во нашата земја земаат минимална плата, со ова покачување им помагаме да се извлечат од прагот на сиромаштија. Европскиот стандард на луѓе кои примаат минимална плата е 3% од вкупниот број на вработени, и кон тој стандард треба да се приближуваме и да работиме, посочи Битиќи.

Битиќи потенцираше дека со ова покачување, уделот на минималната плата во просечната плата е 62%, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на Синдикатите. Најголемиот процент во Европа, на удел на минималната плата во просечната, е во Франција и тој изнесува 50%.

„Во март, граѓаните ќе добијат минимална плата од 18.000 денари. Како што ветивме. Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90% од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании.
Ова е солидарно решение со кое им се излегува пресрет и на граѓаните и на стопанството. Важно ни е да имаме задоволни работници, кои ќе ги задржиме тука, дома. Но и здраво стопанство кое може да понесе напред, кон развој.
Веќе кажавме дека старата методологија за усогласување не ги носи очекуваните резултати и на денешниот состанок предложуваме нова, со која минималната плата ќе се формира како:
– 50% од порастот на на просечната плата, и
– 50% од процентот на индексот на живот,
– Со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57% што ќе обезбедува достоинствено и одржливо покачување на стандардот на долг рок.
Им благодарам на нашите социјални партнери на продуктивната дискусија која не донесе до заедничко решение. Демократските вредности се градат токму вака“, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e