,За прв пат во Македонија ќе се воведува скалесто плаќање на потрошената електрична енергија. Тоа ќе значи домаќинствата што трошат повеќе струја на пример, загреваат базени на струја, копаат биткоини, ќе плаќаат поскапа тарифа, оние што трошат малку струјата ќе ја платат по пониска цена. Регулаторната комисија за енергетика(RKE) веќе работи на анализа за воведување на блок тарифи, во опција ќе бидат две или три, но претходно ќе се спроведе широка јавна расправа во која ќе бидат вклучени експерти”, вели во интервју за порталот ,,Пари”, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Првиот човек на Регулаторна, посочува дека 1 процент од домаќинствата трошат дури 20 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија од домашно производство. Воведувањето на блок тарифи е неопходно за да се добие фер цена за сите, вели тој.Во интервјуто Бислимоски зборува и за крајот на грејната сезона за БЕГ, поплаките од граѓаните за високите сметки за струја, не очекува ли ново поскапување на парното и струјата поради се повисоките берзански цени на енергијата.