Бездомник позитивен на Ковид 19 синоќа побегнал преку пожарникарните скали во Градската болница „8 септември“ , потврдилe за Фокус од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„По допрен глас од социјалните мрежи, утринава ДСЗИ иницираше вонреден инспекциски надзор во ГОБ „8 септември“. Б.И. бездомник бил примен во болницата на 1 октомври. Согласно здравствената состојба бил стабилен, не бил за хоспитализација, но згрижен бидејќи нема постојано живеалиште, да не шири инфекција. Тој е тестиран на 3 октомври и добиен е негативен резултат – истакнала за „Фокус“, доктор Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.
Сепак, два дена подоцна, поточно на 5 октомври, тој бил повторно тестиран и бил добиен позитивен резултат, односно дека е носител на корона вирусот.
„Бездомникот синоќа преку пожарникарните скали избегал од болницата. Веднаш била алармирана болницата, која го лоцира и го враќа назад во „8 септември“. Нса барања на министерството, од страна на доктор Патриција Кламарас се изготвува информација за текот на неговото лекување. Истата побарано да се достави и до ДСЗИ – додава доктор Бухова.
Ова е прв случај на пациент да побегне од болница за време на целата корона криза. Досега, имало случаи кога роднини се карале и си ги земале нивните блиски да ги лекуваат дома или пак некои сами потпишувале изјави дека во домашни услови ќе се лекуваат од Ковид 19.