Бесплатни ИТ обуки за 1 253 млади – АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА!

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, деновиве информираше дека Северна Македонија станува атрактивна ИКТ дестинација.

“Број на трговски друштва од ИКТ сектор изнесува околу 2021, од кои 145 се основани во текот на првата половина на 2019 година. Бројот на вработени изнесува околу 18.000 лица.  Растот на пазарот во ИКТ индустријата во изминатите 5 години е 47%, а вредноста на пазарот на ИКТ е 862 милиони евра. Владата дополнително ги стимулира ИТ компаниите со други мерки, а како една од идните мерки ќе биде намалување на 3% на данокот на добивка”, информираше Манчевски.

70526711_2512662295436482_3586588238107639808_n

Во тек се неколку различни видови на обуки. Обуки за напредни ИТ вештини: Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини, обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање). Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини и воведни Обуки за ИТ вештини (on line). Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од основни ИТ вештини.

Јавниот повик за учество во Програмата Обуки за развој на дигиталните вештини е објавен од пред два дена и трае до исполнување на опфатот.

Јавниот оглас до евидентирани невработени лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката може да го најдете на следниов ЛИНК.

Со обуките се нудат нови мрежни технологии и администрање на компјутерски системи, основите за дизајнирање и имплементација на ИТ инфраструктура на најкористената AWS Cloud платформа, практиките на објектно-ориентираното програмирање кое подоцна ќе биде основа за пишување на скриптите во процесот на автоматско тестирање, креирање стратегија на производ базирана на корисничко искуство, да дефинираат функционалности и интеракција во кориснички интерфејс, да изработат прототип на веб проект и да ја тестираат идејата.

Изминатите неколку години оваа мерка од оперативниот план дала одлични резултати и 50 % од обучените невработени лица во моментот се вработени. Од вкупно 202 лица коишто биле обучени во 2016 година во моментот работат 112, а од поминатата обука на 100 лица лани, сега во работен однос се 50.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e