Бектеши за ТВ24: Ако се утврди одговорност веднаш ке им ја одземам лиценцата на туристичката агенција

Министерот за економија Крешник Бектеши во изјава за ТВ 24 вели дека ако Државниот пазарен инспекторат утврди дека Туристичката Агенција Орфеј измамила 12 македонски туристи на улица во Кападокија веднаш ќе формира Комисија и ќе ја одземе лиценцата на Орфеј.

-Ако ДПИ утврди дека тоа навистина се случило веднаш ќе формирам Комисија и јас ќе им ја одземам лиценцата- изјави Бектеши. Македонските граѓани веднаш по враќањето во земјава треба да достават претставка во пазарната инспекција. Потоа според постапката ДПИ треба да направи инспекциски надзор и да констатира дека Агенцијата не го исполнила договореното. Дури потоа ДПИ ќе го извести Министерството за економија кое ги издава и одзема лиценците на Туристичките агенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e