Бектеши во Баку: Преку гасното поврзување со Грција, гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар

На средината на оваа година ќе почне изградбата на интерконекторот за гасно поврзување со Грција, со што Северна Македонија ќе се поврзе со Јужниот гасен коридор, а на тој начин гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, во своето обраќање на осмиот министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор, што се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку.

Тој истакна дека за Владата, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас, е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура.

Северна Македонија годинава вторпат учествува на овој министерски состанок, кој е од клучна важност во делот на диверзификација на снабдувањето со гас на повеќе пазари во Европа.

„Гасификацијата на земјата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и за компаниите, за животната средина и за општеството во целост. За обезбедување на прогнозираните количини природен гас за наредниот период во тек се активности за натамошна изградба на постојниот гасоводен систем во Северна Македонија, негово поврзување со регионалните гасоводни системи, особено со Jужниот гасен коридор, како и планот, развојот на дистрибуцијата на гасот да се врши преку јавно-приватно партнерство, но и почнување преговори за обезбедување дополнителните колични природен гас“, потенцира Бектеши.

Министерот рече дека Северна Македонија е силно посветена на гасно поврзување со регионот, што ќе значи обезбедување природен гас од повеќе извори.

Бектеши на состанокот беше придружуван од Бајрам Реџепи, директорот на „Национални енергетски ресурси“ АД.

Во рамките на министерскиот состанок тој оствари и билатерална средба и со министерот за енергетика на Азербејџан, Правиз Шахбазов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e