Бектеши-Баздникин: Има голем потенцијал за продлабочување на економската соработка со Руската Федерација

Можноста за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји беше главна тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин.

На средбата, информираат од Кабинетот на Бектеши, беше изразено задоволство од континуирано плодната соработка и цврстите пријателски односи меѓу двете земји. Министерот посочи дека стратешки интерес на нашата држава се членството во НАТО и интеграциите во ЕУ, но и одржување на добри билатерални односи со традиционална пријателските земји како што е Руската Федерација. Беше констатирано дека Република Северна Македонија и Руската Федерација остваруваат интензивна економска соработка, при тоа доминантен облик на соработката е трговската размена. Податоците за трговската размена покажуваат дека за 11 месеци минатата година и покрај пандемијата е остварен раст на билатералната трговија од 6отсто, извозот е зголемен за 9,7, а увозот за 4,6 отсто во однос на 2019 година.

На состанокот се разговараше за четирите сета економски мерки кои Владата ги донесе за поддршка на граѓаните и стопанството и ублажувањето на негативните ефекти од социо-економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Министерот Бектеши истакна дека мерките ги даваат посакуваните резултати врз економијата и посочи дека во петтиот сет мерки што е во завршна фаза, поддршката ќе биде насочена кон најпогодените сектори и граѓани и ќе имаат за цел ревитализација на економијата.

Двајцата соговорници се согласија дека зголемувањето на економската соработка меѓу двете земји ќе остане приоритет во наредниот период, посебно во делот на туризмот и енергетиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e