БДП-то во второто тримесечје од 2019 порасна за 3,1%

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2019 година е 3.1 %.

Во второто тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.5 %; А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.9 % и К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 3.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4.6 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 69.0 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.2 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.5 %.

„Растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал на 2019 година е уште на високи 3,1%, коишто практично и се очекувани. Заедно со растот од првиот квартал од 4,1%, тоа е просечно раст од 3,6% во првата половина на годината, што е над предвидувањата и во буџетот којшто на почетокот беше детерминиран на 3,2%, а потоа со ребалансот е корегиран на годишен раст од 3,5%“ – информира вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e