Балканот е под закана на големо снежно невреме и огромно количество на снег, а во делови од Албанија и Црна Гора постои опасност од поројни дождови и поплави во следните денови, пишува порталот Метеоаларм на македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски.
Според прогнозата, силен циклон со центар над Италија ќе предизвика големо снежно невреме и обилни снежни врнежи во поголем дел од Балканот, а снег ќе врне со денови. Најпогодени ќе бидат Словенија, Хрватска, БиХ, како и северозападните делови од Србија. Се очекува снежната покривка да надмине 50 сантиметри, а некаде да достигне и 100 сантиметри, пишува порталот.
Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
