Бабовски: Нема пазар со здравјето, не дозволуваме производи со пестициди да завршат на пазарот

На темата дали во Македонија има црн пазар на пестициди, кои се користат во земјоделството, а се забранети за употреба, потоа дали има неконтролирана и прекумерна употреба на земјоделски препарати од страна на македонските земјоделци и како тоа влијае врз јавното здравје на нацијата, во емисија Топ Тема на Телевизија Телма свое видување даде директорот на АХВ, Николче Бабовски.

„Покрај пестициди имаме и случаи со тешки метали, еве пратка на вино кое во цистерни се извезуваше во странска држава и тоа вино при анализата се заклучи дека има количини на тешки метали, во случајот тоа беше олово и тоа беше вратено назад во државата. Виното не е уништено затоа што преку процесот на дестилација добиен е дестилат каде што нивото на оловото е под границите и тука нема никаква опасност“, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој додаде дека доколку при првата анализа се утврди присуство на резидуи, право е на економскиот оператор да добие и втора анализа, каде што доколку се добие друг податок што не е идентичен, тогаш се оди на супер анализа и тој податок е релевантен. Одреден пестицид, хербицид или инсектицид имаат одреден период на каренца и додека трае целиот овој процес на трите контроли од истиот примерок, периодот на каренца поминува и тој производ веќе е безбеден за граѓаните.

-Но во градинарскиот производ овој процес кој трае подолго и тоа влијае на квалитетот на производот додека се чекаат резултатите и тоа за економските оператори може да е проблем. Но ние сме многу ригорозни по ова прашање, затоа што јавното здравје, здравјето на граѓаните ни е најважно и со тоа нема пазар – изјави Бабовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e