Бабовски демантира дека Демократскиот Сојуз на Власите од Струга ја напушта коалицијата со СДСМ

Претседателот на Демократскиот Сојуз на Власите, Николче Бабовски демантира дека Демократскиот Сојуз на Власите од Струга ја напушта коалицијата со СДСМ.

„Демократскиот Сојуз на Власите од Македонија најостро ги осудува лагите и невистините искажани од самонаречени челници на Општински организации на политички партии кои единствено нудат лажни вести во нечиј интерес.
Секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, се зголемува интензитетот на лажни вести и конструкции и измислици од страна на поединци и опозицијата“, истакна Бабовски.

Бабовски нагласи дека водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејзбук и други социјални платформи и давање лажни изјави.

„Тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорното дејствување.
Се работи за човек кој веќе не е член на партијата и соодветно на тоа не може да носи одлуки за влегување или излегување на партијата од некоја коалиција.ДСВМ има тела кои сериозно работат и се залагаат како за членството, така и за целиот влашки народ во Република Северна Македонија.
Очигледно ова е уште еден обид на опозицијата предизборно да монтира непостоечки ситуации!“, посочи Бабовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e