Денес нова “бомба“ на Јутјуб каналот „Обнова на режимот’ меѓу Александар Николоски, носител во ИЕ4 и ексминистер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Во разговорот именуван како „Николоски градежна мафија со Нефи во Охрид“, се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, претседател на огранокот на ДУИ во градот, кој е сопственик на неколку дивоградби во Охрид.
Од аудио снимката може да се слушне како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори.
„Ало министре“, одговара Николоски, на што Јанакиески возвраќа: „Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, а Николоски му вели: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески вели „Четири згради се, да“, па Николоски продолжува: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за избирите.
Против Усеини и во моментов има неколку предмети кои ги води обвинителството во Охрид.