Арсовски: Мицковски пропушти соодветно да реагира во многу прилики

Во врска со политички прилики и односи во земјава,ТВ аналитичарот Петар Арсовски смета дека многу најавуваната трета опција засега не е реална опција, дека тешко е можно дека би се појавила како значаен фактор. Голем е бројот на независни кандидати за овие локлани избори, но Арсовски предвидува дека според резултатите од анкетата, независните можат да освојат одреден помал број советнички места по што повторно ќе мораат да коалицираат со поголемите.

Промени во соодносите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ наскоро нема да има, смета Арсовски и додава дека за тоа да се случи потребно е да се случи нешто драматично, сеедно на која било од страните, на пример ако се реши спорот со Бугарија па СДСМ да извлече политичка корист од тоа или од друга страна ако дојде до брзо и драстично преструктуирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Мицковски пропушти соодветно да реагира во многу прилики. На пример, кога Заев загуби на рејтинг при потпишувањето на Преспанскиот доовор, Мицковски реагираше несоодветно со најава дека ќе го поништи овој договор. Исто така Мицковски пропушти во текот на оваа ковид криза да повика на носење маски и масовна вакцинација, вели Арсовски за УБ на ТВ Слободна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e