Арсовска: Четири години Комунална хигиена ја води осудена функционерка од ВМРО ДПМНЕ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за состојбата со комуналната хигиена во главниот град го обвини ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека хаосот е резултат на партиски кадри кои раководат со јавните претпријатија.

Во објава на социјалните мрежи, Арсовска посочи дека со „Комунална хигиена Скопје“ четири години раководи претседателка на Управен одбор од редовите на ВМРО, која, според неа, има правосилна осуда за две тешки кривични дела.

„Му порачувам на Орце Самка Ѓорѓиевски да не прави нарачки. Ако сака градот да биде почист, доволно е на нивната партиска другарка Јулијана Спировска да ѝ се јави. Таман сега немаше да мора да се бори со демони“, напиша Арсовска.

Таа дополнително обвини дека „жената со кривично досие за хаосот во Комунална хигиена“ ќе биде наградена со советничко место во Општина Бутел, а за критиките кон Државната изборна комисија истакна дека „дерогира законски правилник за да можат осудени лица со нивен амин да водат општини“.

Арсовска тврди дека адресата за хаосот во Скопје не се вработените и метачите, туку партиите ВМРО и ВЛЕН:

„Тие имаат 500 членови во сите Управни одбори, Надзорни одбори и Училишни одбори на скопските јавни претпријатија и установи. Обратете се кај нив за хигиената во градот. Вработените со сите сили и макотрпно работат и се борат со партиските демони на суетни самобендисани политичари“, порача градоначалничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e