Армиски возила ќе превезуваат заразени со ковид-19

Во кругот на поликлиниката Букурешт денеска ќе бидат предадени воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.

На предавањето на возилата ќе присуствуваат министрите за одбрана и за здравство, Радмила Шекеринска и Венко Филипче.

Уште од месец јуни Армијата на Република Северна Македонија со поддршка е вклучена во тестирањето на граѓаните од коронавирусот.

Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар е на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.
Дел од ресурсите и од средствата на Армијата ќе се ангажираат како невооружени сили на извршување на задачи за поддршка на институциите на државата при справување со последиците од пандемијата на Ковид-19.

Согласно наредбата на претседателот Пендаровски, која стапи на сила на 5 ноември, Генералштабот на Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема.

Армијата ќе помага и за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e