Сметам дека земјата треба да има влада која ќе остане на линијата на евроатлантските интеграции, истакна вечерва потпретседателката на ДУИ и градоначалничката на Тетово Теута Арифи во госотувањето во ТВ 24.
„ДУИ не е блеферска партија, луѓето веруваат во нив и низ процес на разговори можат да постигнат добри договори“, посочи Арифи.
-Во овој момент ДУИ не преговара со ниту една партија за формирање на влада, рече Арифи.
Арифи исто така истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ не гледа коалициски партнер, а на прашањето дали ДУИ ќе биде дел од владата, таа одговори дека партијата не била во владата доколку не добила легимитет на избори.
„Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку не имало победа зад себе и без да има легимитет зад себе. Сметам дека изјавите дадени од нашите меѓународни пријатели во однос на континуитетот што се бара во однос на понатамошно разговарање, смета дека е добро да тие создавачи на целиот овој процес повторно да седнат и да земат за обврска за продолжување на процесот. Само народот со гласање може да ве испрати во опозиција и бројките не се добиени случајно. Сметам дека како политички стабилен фактор треба сериозно да се размисли во однос на нашата адреса, додека другите комбинации вон официјалните бројки што ги имаат партиите, не мислам дека ќе носат добро за евроатланската иднина за државата“, потенцираше Арифи.