AПСУРД: Ако Мицкоски не ги почитува сегашните, со кое право бара уште построги мерки?!

Во вчерашниот текст со наслов “Партиските лидери во самоизолација”, за online изданието на весникот “Нова Македонија”, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говори за тоа дека ги почитувал мерките за заштита и не се изложувал непотребно на контакти со луѓе.

– Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја иницирав и учествував во кампањата #ЗатоаШтоСекојЖивотВреди, за подигнување на свеста кај народот за почитување на мерките од СЗО за заштита од коронавирусот, а секојдневно давам и личен пример. Ги почитувам мерките за заштитата на моето семејство, на моите соработници и не се изложувам непотребно на контакти со луѓе. Ги почитуваме мерките, а како што знаете баравме и многу поригорозни мерки за заштита. Да, сето тоа влијае на работната динамика, која повеќе се темели на посредна електронска комуникација, онолку колку што тоа го дозволуваат темите. Но почитувањето на мерките не ја намалува грижата – вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден ден потоа, на интернет порталите е објавено видео во кое се гледа како Мицкоски излегува од теретана. Да потенцираме, со одлука на Влада, теретаните, заедно со рестораните, кафулињата и кладилниците се затворени од 14 март.

Бројни се коментарите на јавноста низ социјалните мрежи кои не го одобруваат овој потег на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајки дека за него препораките не важат.

Тој, иако не ги почитува сегашните дури и бара воведување на построги мерки.

Невиден апсурд.

Ако Мицкоски не ги почитува сегашните, со кое право бара уште построги мерки?!

Наместо да биде пример за останатите граѓани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува непримерно во време кога е потребно зголемување на одговорноста кај секој од нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e