Апсење кај „Мотел“ во Крива Паланка – Ова е причината

На 11.03.2026 во 01:45 часот на магистралниот пат Крив Паланка – Куманово, кај место викано „Мотел“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода И.Ц.(60) од Скопје и М.Ј.(39) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. Имено, при вршење на редовна контрола во сообраќајот полициските службеници запреле патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото била пронајдена поголема количина на текстилна роба и повеќе штеки цигари без документација.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e