Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на три години и десет месеци затвор за потрговија со дрога. Ова се случува откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда и го врати случајот на повторно судење.
„Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци“ соопшти Апелација.
Во мај Јованов беше осуден на 12 години затвор за смртта на Кулакова, на пешачки премин на „Партизанска“.