По обжалувањето на одлуките на Кривичниот суд од страна на СЈО поднесени денеска, Апелациониот суд ќе одлучи дали екс премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, за полиција, Гордана Јанкуловска како и Кирил Божиновски и Мартин Протугер ќе завршат во притвор или ќе важи досегашната одлука за одземање на патните исправи.
Доколку Апелација ги прифати барањата на СЈО предметот се враќа на повторно судење во основниот суд кој доста често ги потврдува одлуките на апелациониот суд.
За останатите одбиени решенија за притворите СЈО жалбите ги поднесе изминатите денови. Одлуката на Апелација по овие жалби најверојатно ќе ја донесе до крајот на наредната недела.