Одбиена е жалбата на СЈО во однос на барањето за притвор на главниот и одговорен уредник на Сител телевизија, Драган Павловиќ Латас.
Сепак, мерките за претпазливост одредени од Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд, остануваат.
Латас ќе остане без својот пасош и ќе мора еднаш неделно да се јавува во суд, секој понеделник, најдоцна до 12 часот.