Апелација донесе одлука по барањето на СЈО за притвор на Никола Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и останатите обвинети за изборни измами и злосторничко здружување во случајот “Титаник” што го води СЈО, остануваат без пасоши, дознава Телма од извори во скопска Апелација.

Апелација ги одби жалбите и на обвинетите кои бараа да ги добијат пасошите назад и на СЈО кое инсистираше на притвор.

Образложенија на одлуките ќе бидат објавени утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e