Апелација донесе одлука по барање на СЈО за притвор за градоначалникот на Гази Баба

Жалбите на Специјалното јавно обвинителство за обвинетиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ за незаконското уривање на објектот Космос се одбиваат, одлучи Апелациониот суд, а се одбива и неговата жалба за против одлуката за одземање на пасошот. Тоа значи дека за Трајковски нема притовр, туку само му е одземена патната исправа и ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот, пренесе Макфакс.

„Ставот на овој суд да ја прифати одлуката на првостепениот суд и да не го прифати предлогот на СЈО за определување на мерката притвор према обвинетиот, го поткрепува фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и даде ветувања за присуство во понатамошниот тек на истата, па судот оцени, а имајќи ги во предвид сите околности на случајот и изнесените од страна на странките, дека ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за
непречено водење на кривичната постапка“, пишува во образложението на одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e