Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

Почитуван северномакедонски премиер, моето прашање е за вмровската агенција ,,Рубикон”, која ја обезбедуваше дискошталата во Кочани. Оваа агенција е основана како паравојска, со цел да ја замени фирмата ,,СГС” на Мијалков со кој божемски се скаравте. ,,Рубикон” е формирана веднаш после Вашата победа на локалните избори и веднаш почнува да добива тендери од вмровските општини, порача денеска лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Вистински сопственик на оваа агенција е Александар Нацев, кој беше директор за време на Груевски, а беше и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, каде Вие сте избран за лидер, односно октроиран од страна на Груевски, бидејќи Вие бевте анонимус во Вашата сопствена партија.

Бидејќи Вие сам изјавивте дека ќе си дадете оставка, доколку има било какви докази дека агенцијата за обезбедување на дискошталата е поврзана со ДПМНЕ – ќе Ве прашам дали после вакви докази ќе си поднесете оставка од функцијата?! – праша Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e