Анкета: СДСМ со предност пред ВМРО-ДПМНЕ од околу 2 отсто

СДСМ со предност од околу 2% пред ВМРО-ДПМНЕ покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС)

Доколку утре се оддржат избори, 22,1 отсто од граѓаните би гласале за СДСМ, а 20,4 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

mcms

Според анкетата, ДУИ има рејтинг од 6,6 отсто, Алијансата за Албанците од 2,6 отсто, Левица од 1,7 отсто, БЕСА од 1,5 отсто итн.

Мнозинство од испитаниците одговориле дека сегашната Влада не ги исполнила нивните очекувања (64,5 отсто), а 53,9 отсто сметаат дека не заслужува да биде реизбрана во април. Но, нешто повеќе, односно 58,7 отсто од испитаниците сметаат дека ниту опозициската партија не заслужува да ја води следната Влада.

Податоците за оваа анкета беа прибирани со теренска анкета, во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година, на национален репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e