Анкета: Пендаровски води со 7% пред Силјановска!

Анкетата спроведена од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн покажа дека мнозинството граѓани (80,8%) сметаат дека првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера.

Во вториот круг на претседателските избори се пласираа кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг разликата во гласовите беше помала од еден процент во корист на Пендаровски.

Ова истражување на јавното мислење покажува дека повеќето испитаници (22%) се изјасниле дека во вториот круг од изборите ќе гласаат за Стево Пендаровски наспроти 15,9% кои се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за Гордана Сиљановска-Давкова. Речиси половина (47,7%) од испитаниците одбиваат да кажат за кој кандидат ќе гласаат, додека 14,3% се изјасниле дека нема да излезат на гласање. Ова значи дека исполнувањето на потребниот цензус за вториот круг од 40% излезност од запишаните гласачи е неизвесно.

mkd-419236

Повеќе на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e