Анкета: Огромен процент граѓани ги поддржуваат забраните кои ги воведе Владата за заштита од корона

Висока доверба кон здравствениот систем искажале испитаниците во анкетата на емисијата Детектор на телевизија Сител во врска со справувањето со короната.

82 отсто од испитаниците му веруваат на министерот Венко Филипче и на неговиот ангажман дека презема правилни мерки. 65 отсто од граѓаните имаат доверба во здравствениот систем и сметаат дека нашата држава има професионален и стручен кадар за кого се изјасниле дека му веруваат во справувањето со здравствената криза.

Голем процент од испитаниците веруваат дека нема да има недостаток на лекови и храна и дека здравствените власти ќе обезбедат услови за правилно лекување на заболените граѓани.

Понатаму, граѓаните во анкетата на Сител се изјасниле и во врска со мерките за превенција кои ги спроведува Владата. Огромен број од популацијата, или над 90 отсто, сметаат дека забраните и препораките на Владата се соодветни. Тие изјавиле дека државата е добро да остане во изолација и да ги почитува забраните за јавни собири. Над 90 отсто сметаат дека не треба да се отворат училиштата и градинките, а 87 отсто поддржуваат да продолжат казните за сите кои нема да ги почитуваат препораките за самоизолација.

Анкетата покажува дека граѓаните имаат висока свест за опасноста од корона вирусот и 93 отсто изјавиле дека се исплашени, а половина од испитаниците изразиле страв дека е можно да се заразат.

На прашањето околу известувањето на медиумите и транспаретноста на Владата, односно дали информациите што се пласираат во јавноста се навремени и точни, малку под 70 отсто одговориле дека веруваат на официјалните информации, и дека се задоволни од тоа како медиумите известуваат за здравствената криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e