(АНКЕТА НА ТЕЛМА) ВМРО-ДПМНЕ со историски пад на својот рејтинг под 20%

Во вечерашната Топ тема, на која се анализираа резултатите од последната анкета на Телма и МЦМС, спроведена од М-проспект, главниот и одговорен уредник на Телма, Атанас Кировски потенцираше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ има историски пад на својот рејтинг.

-Пред мене ги имам сите анкети кои сме ги работеле, ВМРО-ДПМНЕ историски никогаш не било под 20%. И доколку за СДСМ е јасно незадоволство од ковид криза, фијаско со договорот со Бугарија, блага политика кон Софија и кон сите провокации од таму кон кои прилично умерено одговаараше македонската Влада, ги иритираше луѓето, особено интервјуто за БГНЕС, од друга страна опозицијата не успеа да ја канализира таа енергија и да ја капитализира во сопствена полза. Тие се обидоа да направат некакви надпартиски митинзи, меѓутоа видовме дека тие митинзи беа прилично слабо посетени, значи ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ја канализира таа негативна енергија, вели Кировски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e