Анкета на Телма и МЦМС: Шилегов води пред Трајановски во трката за Скопје

Македонија в недела гласа за 80 градоначалници и листи на советници, плус Град Скопје. Телма и Топ Тема на Ваша страна се решија за испитување на јавнотото мислење за соодносот на силите за Град Скопје. Анкетата е спроведена телефонски од „М Проспект“ на 1513 испитаници во периодот од 23 септември до 2 октомври.
На првото прашање – За кој кандидат за градоначалник на Скопје ќе гласате?, резултатите се следни:
За Петре Шилегов – Коалиција на СДСМ се изјасниле 37,1 процент, додека за Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ 34,6 проценти. Останатите шест кандидати заедно имаат поддршка од 5,8 проценти. Дури 22,5% одговориле дека или се уште не знаат за кого би гласале, не одговориле или се изјасниле дека не би гласале за ниту еден од кандидатите.

22291239_2027713634180655_8221395875113022883_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e