Анкета на Рејтинг: Речиси 40 % велат дека ќе победи Стево Пендаровски, додека 26,5% рекле дека тоа ќе е Силјановска

Речиси 40 отсто од оние кои рекле дека ќе излезат да гласаат на анкетата на Рејтинг, сметаат дека победник во првиот изборен круг ќе биде Стево Пендаровски кој освојува 39,9 отсто.

Дека ќе победи Гордана Силјановска рекле 26,5 %. Како победник го прогласиле Блерим Река, 6,3 проценти од испитаниците.Не знаат се уште – 27,3 проценти.

anketa

Според анкетата на “Рејтинг” Стево Пендаровски би добил 38,3 отсто од гласовите, додека Гордана Силјановска 33,2 проценти. За Блерим Река би гласале 12,6 отсто од испитаниците. Не знаат се уште 15,9 проценти.

stevo1

Агенцијата „Рејтинг„ спроведе испитување на јавното милсење за претседатлските избори во периодот од 8-14 април, врз репрезентативен примерок со кој беа опфатени 1112 испитаници.

Анкетата беше спроведена според метотдот интервју лице в лице. Анкетата е независно спроведена за сопствени потреби со цел нашата агенција да ја депонира својата изборна прогноза.

Нивото на доверливост е 95% а можната ститистичка грешка од -3 до плус 3%, информираат од “Рејтинг”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e