Анкета: Кој е ставот на македонците за мигрантите

Мигрантите се најмногу добредојдени на Исланд и во Нов Зеланд, а најмалку во Македонија, Црна Гора, Унгарија и Србија, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Галуп“, која ја пренесуав британскиот весник „Индепендент“.

Весникот наведува дека повеќето земји, кои се меѓу десетте најлошо рангирани, се наоѓаат на „балканската рута“ по која минуваа мигрантите на патот од Грција кон Германија.

Според истражувањето, Македонија на листата се наоѓа на последното, 138 место.

На испитаниците им било поставено прашање – дали е добро или лошо мигранти да живеат во вашата земја, да бидат ваши соседи или да стапат во брак со некој ваш роднина.

Повеќето од анкетираните, односно 54 отсто, одговориле дека е добро мигранти да живеат во нивната земја, а половината дека би било добро да им бидат соседи.

Исто така, е утврдено дека помладите генерации повеќе ги прифаќаат мигрантите, како и жителите кои живеат во урбани средини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e