“Аман бе комшија и ти ли си од тие што веруваат во корона?”
(утрово двајца комшии се сретнуваат и поздравуваат на улица од кои едниот со маска, другиот без.), посочи министерката за финансии Нина Ангеловска.
„Ова прашање е одговорот за високиот број на новозаразени деновиве!
Ова прашање е одговорот зошто Владата презема повторно рестриктивни мерки.
Ова не е прашање на “верба”, ова не е прашање што некој треба да го постави! Корона вирусот е реалност. Како што се реалност сите починати. Ако не ги познаваме тоа не значи дека е нешто далечно и дека ние сме имуни. НИКОЈ не е имун на вирусот. Вирусот на препознава раса, пол, возраст, етничка припадност.
Сите оние кои ги почитуваа препораките и кои се совесни и само-свесни со право се чуствуваат “казнети” заради они кои не почитувале. Но општеството го градиме заедно и сите сме дел од сложувалката. Од секој еден зависи. Здравјето е колективна одговорност.
Велат дека е секогаш попаметно да учиме од туѓите грешки и лоши искуства, но во човечката природа е да се ни личи страно и далечно додека не го почуствуваме на своја кожа.
Се надевам дека свеста ќе се разбуди кај сите кои го третираат вирусот како прашање. Се надевам дека нема да дозволат да гледаат близок како се мачи и бори со вирусот за да го променат однесувањето“, истакана Ангеловска.