„Мораме да преземеме брзи чекори, навремени мерки, да бидеме флексибилни, да ги следиме потребите како што ќе се реотвора и развива економијата се со цел да го амортизираме тој удар и да бидеме, навистина, еве, ако ги погледнеме извештаите, да биде навистина земјата која што ќе се справи најдобро во однос на останатите земји од регионот, делумно поради мерките, делумно поради карактерот на нашата економија, бидејќи такви се проекциите”, вели во гостувањето во емисијата Топ Тема, министерката за финансии Нина Ангеловска.
-Ако ги погледнеме на пример ММФ ние сме негде на 5 место во однос на тоа како ни проектираат и пад и опорувавање и раст на следната година, вели Ангеловска.