Ангеловска: Мерките од првиот сет беа за граѓаните кои беа најранливо погодени од Корона кризата

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вечерва гостуваше во ТВ Телма во емисијата Топ Тема, на тема мерките за помош од Корона кризата. Ангеловска вели дека првиот сет на мерки биле наменети за оние категории на граѓани кои беа најпогодени од кризата и дека со тој пакет мерки не се помагало на работодавачите туку на работниците преку исплата на платите од страна на работодавачите.

„Мерките од првиот сет за граѓаните имаше нели за оние  ранливи категории од неформалната економија, други мерки за директни кои што граѓаните аплицирале и ги добивале од првиот сет. Ако мислите на финансиска помош за работодавачите секако тоа беше за работниците преку работодавачите да добијат плата и ние ги исклучуваме критериумите се со цел да добијат таргетирани групи на граѓани кои што имаат помали примања затоа што тие веднаш ќе ги потрошат средствата и ќе донесат кон зголемување на приватната потрошувачка“, вели Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e