Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов вели дека има проамерикански ставови во однос на ситуацијата на Блискиот Исток и смета дека Американците имаат добри причини за нападите на Иран.
Ангелов го оправдува американскиот напад, бидејќи, како што вели, во Иран владее суров режим кој што ги казнува сопствените граѓани и режим кој обезбедил сериозна количина на ракети, како и подготовка на нуклеарно оружје.
-Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел и времето ќе покаже што се имал Иран од вооружување. Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг дострел, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.
Прочитајте повеќе:
Дали некој знаел што ќе каже Доналд Трамп за Иран? Трговците вложиле половина милијарда долари 15 минути пред неговата објава
Лазовски: Владата треба да интервенира со средства за најзагрозените кои се најголеми страдалници од кризата
Руте: НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги гаѓа Париз, Берлин и Лондон
Ангелов потенцира дека паушална е оценката на опозицијата кога вели дека намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10% што како мерка ја донесе владата, била задоцнета и недоволна. Тој смирува дека Македонија во моментов не е засегната од воена опасност, со оглед дека НАТО не е инволвиран во целата ситуација.
