Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ експресно разрешена откако побара оставка од Мицкоски и вонреден конгрес

Долгогодишна членка на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, од Општина Битола беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара вонреден конгрес и оставка од лидерот Христијан Мицковски.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола преку соопштение реагираше на изјавата на Анита Ангелевска од која во целост се оградија и соопштија дека е разрешена од партиските функции.

„Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола

Во целост се оградува од изјавата на г-ѓицата Ангелевска Анита, која побара оставка на Претсетаделот на партијата Христијан Мицкоски.

Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем.

Сметаме дека изјавата на Г-ѓицата Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, ја разрешува Ангелевска Анита од сите партиски функции кои ги обавува и упатува порака дека нема да бидат толерирани изјави и акти, спротивни на Статутот и Деловникот на партијата “, пишува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e