Анел Фидоски е избран за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, по денешното гласање на Советот на јавните обвинители. Мнозинството членови ја поддржаа неговата кандидатура – Фидоски освои 7 гласа, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски доби 5.
Во трката за една од најзначајните функции во македонското правосудство учествуваа пет кандидати: Анел Фидоски, Гаврил Бубевски, Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
Фидоски е познат во јавноста по застапувањето на повеќе високопрофилни предмети, меѓу кои „Тенковски делови“ и случајот „мала Тамара“. Со неговото назначување, тој ќе раководи со најголемата јавна обвинителска институција во државата.
Од друга страна, Гаврил Бубевски, кој претходно беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство и го водеше скопското обвинителство во периодот на формирање на одделенијата за сложен криминал, не успеа да обезбеди втор мандат.
