– Новата влада покажа дека се грижи за сите граѓани. Со враќањето во примена на член 37 од законот за пензиско и инвалидско осигурување, односно законското усогласување на пензиите, се содаваат услови за следење на порастот на трошоците и растот на палтите и се создаде еднаквост на сите пензионери, како и нивната социјална сигурност, рече Миле Андоновски , генерален секретар на Партијата на обединети пензионери и граѓани.
За 2017 пензионерите ќе земат по 2160 денари, тоа е три пати повеќе од најавените 650 денари кои требаше да се исплатат во декември, потенцира Андоновски.