Во текот на вчерашниот ден, во куќата во Бутел на пратеникот Амди Бајрам, екипа на ЕВН во придружба на полициска екипа, му ја исклучила струјата, наводно поради приклучок на диво, односно крадење на струја, објави „Фокус“.
Според информациите, неодамна на Бајрам му била исклучена струјата, поради наводен неплатен долг, а вчера повторно интервенирала екипата на ЕВН, откако добиле дојава дека е приклучен на диво.
Бајрам за Фокус кој ја демантирал веста.
-Не е точно дека ми ја исклучиле струјата поради неплатен долг или дека сум крадел струја. Си имам здравствени проблеми и еве сега во моментот одам во болница, ни изјави Бајрами.
И покрај негирањето на Бајрам на случајот, „Фокус“ доби официјална потврда од надлежните институции.