Алијанса за Албанците го смета за скандалозно именувањето Македонци во агенцијата за правилно спроведување на албанскиот јазик
“Застапеноста на албанците продолжува да биде запоставена дури и во институциите што се раководени од албанците. Агенцијата за спроведување на законот е новоосновано тело кој го надгледува спроведувањето на законот за употреба на јазиците што претходно беше донесен од страна на пратениците на Собранието.”, соопштија од Алијансата за Албанците.
” Оваа институција има обврска да го контролира спроведувањето на законот за употреба на јазиците, и албанскиот јазик како втор најзборуван јазик на државно ниво, затоа во оваа институција мнозинството вработени треба да бидат албанци. Се поставува прашањето како кадарот на ДУИ преку вработување на други националности ќе го контролира спроведувањето на законот за употреба на албанскиот јазик, кога во клучните раководни позиции се вработуваат македонци.
На конкурсот за вработување број 242/2019 за вкупно 5 работни места, вработени се тројца од македонска националност, еден албанец и еден ром.
1. Државен советник за лекторирање – од македонска националност.
2. Државен советник за владина соработка и односи со јавност – од македонска националност.
3. Раководител на одделот за соработка со Владата на Република Северна Македонија, Сектор за поддршка на директорот – македонска националност.
4. Раководител на одделот за лекторирање, Сектор за превод и лекторирање – албанец.
5. Соработник за мониторинг, промовирање и заштита на употребата на јазикот, Сектор за планирање, координација и развој – од ромска националност.
Вистина е дека застапеноста и дениграцијата на Албанците во државните институции продолжува.”, сметаат од АА.