Алатка за отчетност на министрите: Апостолска и Николовски со најмали трошоци по ресторани

Според алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавни функции на Владата, министрите минатата година потрошиле околу 46 илјади евра државни пари по ресторани. Најмногу од нив, околу 7500 евра потрошил министерот за животна средина Садула Дураки. За разлика од него, најмалку од државните пари издвоиле министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, анализира РСЕ.

Најдолу на листата се и министерката за правда Рената Дескоска со 120 евра и нејзините колеги од транспорт и врски и од труд и социјала Горан Сугарески и Мила Царовска со потрошени одделно по околу 150 евра.

6FD82BE9-0DD1-46E9-B987-272EB3096C5E_w650_r0_s

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e