Актерот Благој Јовановски успеа да дипломира на Факултетот за драмски уметности – Скопје со монодрама

Актерот Благој Јовановски успеа да дипломира на Факултетот за драмски уметности – Скопје со монодрама.

Во последните 15 години ова е втор случај кадешто актер дипломира со монодрама. Ваков исклучок на ФДУ последен пат се случи и во 2014 година.

На академската сцена на ФДУ на 22 декември годинава Јовановски ја одигра дипломската претстава „Дневникот на лудиот“ – расказ од Николај Василевич Гогољ.

Тој дипломираше актерска игра во класата на професор Мими Таневска.

Монодрамата „Дневникот на лудиот“ е настаната по истоимениот расказ на Николај Василевич Гогољ објавен во 1834 година. Се работи за психолошка гротеска која го прикажува лудилото на главниот лик Аксентиј Иванович Попришчин – мал човек, исфрустриран, но и заљубен чиновник кој станува опседнат со болната идеја за сопствената величина.

Младиот актер Благој Јоваовски предизвикувајќи се себеси со изведба на монодрамата, преку својата актерска игра на убав начин ги разоткрива сите слоеви и ментални состојби на главниот лик и со својата 50 минутната театарска авантура со минималистички сценографски елементи, успеа го задржи вниманието на публиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e