АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најави нови бомби

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција најави дека неговата партија има подотвено „бомби 2.0“ и дека секојдневно ќе објавувале нов владин скандал.

„Превенцијата не успеа, корупцијата ескалираше и мора се да истражи затоа што крадењето мора да престане. Ние спремивме нови „бомби 2.0“. Утре следува нов скандал, нова корупциска шема, членови на владејачката гарнитура. За се имаме докази и документи и ќе ги прикажеме во јавноста“, вели Филипче.

Вели дека се работи за нов фронт против власта, а ќе се поднесе и иницијатива до антикоупциските институции во Италија, кои се бореа против Коза ностра.

„Ако тие се справија со Коза ностра, можеме и ние да се справиме со оваа мафија на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ си игра со судбината и европската иднина на граѓаните.

„Сакам да информирам дека формиравме антикорупциски тим во рамките на нашата програма „Нова сила“. Тој тим е еден од столбовите на оваа нова програма. Имаме професионален тим советници, експерти во областа на правото и финансиите. Но пред се, млади активисти и истражувачи на СДСМ. Што ќе работи овој тим – ќе истражува скандали, ќе анализира документи, ќе ги презентира до јавноста, ќе ги разоткрива сите корупциски шеми на оваа криминална власт, ќе поднесуваме соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму. Зад ова стои енергијата на младите на СДСМ. И тоа е новата сила што ќе гради европски вредности во европска Македонија. Ќе објавиме и платформа каде секој граѓанин ќе може да пријавува скандали со документи“, додава Филипче.

Ја повика европската обвинителка Лаура Ковеши да дојде во Македонија, за да се запознае со како што вели, малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските фондови.

„Не може да имаме доверба во институциите на власта со притисокот, а кои со своето однесување се заштитници на криминалот и тоа да биде над правото и над јавниот интерес. Власта единствено нешто што прави е да ја дефокусира јавноста од криминалите. Наместо да има одговорност по апсењето на нивниот директор и член на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме само спинови, само обвинувања кон опозицијата. Но, фактите се јасни, се случи најголемата проневера на европски пари во Македонија – ИПАРД фондовите, и тоа членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе блиски до премиерот Христијан Мицкоски. Со вклучување на Ковеши, очекуваме овој скандал целосно да се расчисти и да се осигураме дека ваков скандал со европски пари нема повторно да се случи“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e