АКЦИЈА НА ОЈО и МВР: Уапсени екс министрите за земјоделство, Цветков, Спасеновски и Делев, по Димовски се трага

Приведени се тројца поранешни министри и заменици министри за земјоделство потврдија од Основниот суд Скопје 1.

Дел од медиумите повикувајќи се на извори од обвинителството објавија дека приведувањата се поради сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На распит пред судија на претходна постапка се доведени поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев. Од Јавното обвинителство потврдија дека сè уште трага по актуелниот пратеник и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Димовски.

Јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e