АХВ: Небезбедна серија на сок од брендот „Хип“ се повлекува од пазарот

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од пазарот се повлекува небезбедна серија од органски биосок од јаболко од брендот „Хип“ и апелира до сите потрошувачи кои го имаат купено овој производ да не го употребуваат, односно да го вратат на местото од каде што е купен.

„Врз основа на нотификацијата која преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја доби вчера во доцните попладневни часови, утрово, врз основи на извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник и издаде решение и забрани пуштање во промет на небезбеден производ органски биосок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967,од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година. Повлекувањето, како што е истакнато во РАССФ нотификацијата, се врши поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело – стои во соопштението од АХВ.

Оттаму дополнуваат дека бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот му е наредено да изврши и повлекување, односно отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e